Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Започнаа консултации за новите Interreg програми, консултативна средба во Куманово

Министерството за локална самоуправа, како национален орган задолжен за Interreg програмите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за локална самоуправа, како национален орган задолжен за Interreg програмите за прекугранична соработка, го започна процесот на консултации со локалните заедници за креирање на новите програмски документи за периодот 2028–2034 година, информираа денеска од општината.

Консултативната средба во Куманово се одржа во Занаетчискиот дом, а фокусот беше ставен на идниот развој на Interreg IPA програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Во рамки на состанокот се дискутираше за потребите и потенцијалите за соработка во прекуграничниот регион, при што учесниците активно разменуваа мислења за утврдување на приоритетите и можностите за идни заеднички иницијативи.

Целта на овие средби е локалните заедници да се запознаат со почетните нацрт-документи и предвидените приоритети, но и активно да се вклучат во процесот на програмирање преку доставување сопствени предлози и идеи.

Реклама

На консултациите присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, како и претставници на општинската администрација, други општини, плански региони и невладини организации од источниот дел на државата.