Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Перински: Нови предлог проекти и инвестиции за рамномерен развој на сите региони за 2026 година

Предлог-одлуките за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-одлуките за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, селата, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, беа утврдени денска на четириесет и втората седница на Советот за рамномерен регионален развој, со кој раководеше министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Вкупно предложени за финансирање се 56 предлог проекти во вредност од 148.407.142 денари.

Министерството за локална самоуправа соопшти дека со овие предлог-проекти се создава основа за реализација на нови инвестиции и развојни иницијативи насочени кон намалување на регионалните диспаритети, подобрување на локалната инфраструктура и поттикнување на одржлив развој во сите делови на државата.

Во рамки на седницата бил разгледан и Годишниот извештај за 2024 година за спроведување на планските документи за регионален развој, подготвен врз основа на податоците евидентирани во системот Си-Ре-Ра, кој овозможува следење на реализацијата на програмите и проектите во областа на регионалниот развој.

Реклама

Дополнително, членовите на Советот го разгледале Извештајот за тековно оценување на Стратегијата за регионален развој 2021–2031, заедно со предложените измени и дополнувања на Стратегијата.

-Со политики и одлуки насочени кон постигнување рамномерен развој, постепено ја менуваме досегашната динамика и поставуваме темели за полицентричен развој во државата и еднакви можности за сите плански региони -, истакнал министерот Перински.

Советот, се додава во соопштението, останува посветен на континуирано креирање политики насочени кон обезбедување еднакви услови за развој на сите плански региони, во согласност со стратешките определби на Владата за децентрализација и одржлив развој на локалната самоуправа.