Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции воспоставуваме поцврст и поодговорен механизам за одлучување

Како Влада, во изминатиот период ги поставивме темелите. Сега е време тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како Влада, во изминатиот период ги поставивме темелите. Сега е време тие темели да се надградат со систем што ќе гарантира резултати затоа што дојде времето Македонија да гради паметно, да инвестира стратешки и да испорачува конкретни резултати – рече денеска премиерот Христијан  Мицкоски во обраќање на седницата на Комитетот за јавни инвестиции. 

Со формирањето на Комитетот, посочи, државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување, кој не се води од импровизации, туку од јасни критериуми, визија и стратегија.
 
– Целта што ја поставуваме е јасна: секој денар од буџетот да биде насочен таму каде што создава најголема вредност. Таму каде што носи раст, отвора работни места и го подобрува квалитетот на животот. Времето на стихијно планирање заврши. Доаѓа време на систем, одговорност и резултати – рече Мицкоски. 
 
Листата на проектни идеи, која денеска се разгледува, како што рече, е резултат на координиран пристап на повеќе институции и претставува силна основа за развој во клучните сектори.
 
– Во транспортот зборуваме за модерни железници, нови електрични локомотиви, реконструкција на делници и поврзување преку коридорите 8 и 10. Тоа значи побрз проток на стоки, подобра поврзаност и посилна економија. Во образованието продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата на знаењето, со завршување на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Универзитетот „Мајка Тереза“. Затоа што иднината не се гради без силен образовен систем. Во здравството инвестициите во регионалните клинички болници во Тетово, Штип, Кичево значат подобра здравствена заштита, современи услови и достоинствен третман за секој граѓанин – наведе Мицкоски. 

Во дигиталната трансформација, дополни, поставуваме темели на модерна држава преку воспоставувања владин податочен центар, сигурна мрежа и зајакната кибербезбедност. Тоа е основа за ефикасна, транспарентна и дигитална администрација. Во земјоделството и водостопанството инвестициите во системите, како Злетовица, Стрежево и ревитализацијата на водните ресурси, се инвестиции во стабилноста на производството и сигурноста на храната. Во енергетиката, преку проектите на АД ЕСМ, ја зајакнуваме енергетската независност со нови капацитети, обновливи извори на енергија, батериски системи и модернизација на постојната инфраструктура. Ова е борба за сигурна и достапна енергија за граѓаните и стопанството.
 
– За секоја од овие проектни идеи, Министерството за финансии даде позитивно мислење за продолжување во следната фаза. Тоа значи дека се работи за сериозни, издржани и остварливи иницијативи. Но, токму тука почнува вашата најголема одговорност. Комитетот не е формалност. Комитетот е филтерот на квалитетот. Вашата задача е да ја утврдите листата на оценети и одобрени проектни идеи, која ќе биде основа за првата конечна приоритетна листа на јавни инвестиции – порача Мицкоски. 

Реклама

Со Комитетот за јавни инвестиции претседава министерот за финансии, а во неговиот состав се вклучени сите ресорни министри, што треба да овозможи одлуките да се носат врз основа на консензус и темелна анализа на предлозите.

Формиран врз основа на Законот за буџетите, Комитетот за јавни инвестиции работи во согласност со уредбата за управување со јавни инвестиции.