Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Нaд 600 деца се жртви на сексуална злоупотреба последниве пет години

Над шестотини деца се жртви на силување, полови напади и на присилени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над шестотини деца се жртви на силување, полови напади и на присилени бракови со возрасни мажи, само во последните пет години. Најмалата жртва на сексулана злоупотреба во земјава  има помалку од 3 години. Алармантните бројки сведочат дека сексуалното насилство на деца во Македонија е системски проблем, а институциите потфрлаат наместо да реагираат, покажува анализата што ја подготви Народниот правобранител.

Од 2020 до 2024 година регистрирани се 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца. Дури 455 жртви се девојчиња, а 53 момчиња. Најголем дел од случаите се однесуваат на дете помладо од 15 години, а во 96 случаи е вонбрачен живот со дете.  Исто толку, 96 нови деца жртви има и ланската година.

Според досегашните информации, вистинската бројка може да биде и многу поголема, особено кај машките деца, бидејќи поради страв и срам жртвите молчат. Повеќе од половината се деца на возраст меѓу 11 и 15 години. Посебно ранлива категорија, според анализите, се децата од сиромашни и маргинализирани средини.

Реклама

Но, проблемот не застанува тука. Народниот правобранител алармира и за сериозни пропусти во институционалното постапување. Децата се сослушуваат повеќе пати и повторно преживуваат трауми, нема стручни кадри ниту простории ниту координација меѓу полицијата, центрите за социјална работа, болниците и судовите. Дека институциите спијат, покажува и фактот што само медицински установи и родители пријавууваат, многу ретко училиштата и центрите за социјални работи. Оттаму апелираат, веднаш да се преземат итни мерки.

Дополнителен шок е што обесштетувањето не функционира. Иако жртвите имаат законско право на паричен надоместок, досега само две деца побарале обесштетување и не добиле ништо.

Народниот правобранител предупредува дека најголем дел од злоупотребите ги вршат блиски лица или возрасни од непосредната околина на детето. Регистарот на педофили постои, но мора редовно да се ажурира и да биде достапен за училиштата, градинките и родителите. Како една од мерките што дава резултати во повеќе земји се споменува и хемиската кастрација, која кај нас никогаш не заживеа.

Трендот со сексуалната злоупотреба на деца продолжува и годинава. Во јануари голема група насилници со месеци сексуално злоупотребувала и уценувала со интимни видеоматеријали 16-годишно девојче од село Слупчане. Јавноста исто така беше згрозена и од случајот во кој родители од Делчево дозволиле малолетни ќерки да им живеат со возрасни мажи, едната дури родила и дете.