Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред е формирањето Работна група за прелиминарна селекција на кандидати за член на Судскиот совет на Македонија по Огласот за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира Собранието на Македонија („Службен весник на Македонија” број 87/2026) и разгледувањето барање за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
