Реклама
Македонија

Крводарителска акција на ЗНМ и ССНМ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

По повод одбележувањето на 3 Мај – Светскиот ден на слободата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод одбележувањето на 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија организираат доброволна крводарителска акција меѓу новинарите и медиумските работници.

– Четвртата и сега веќе традиционална акција со која демонстрираме хуманост ќе се одржи на неколку локации во земјава и за таа цел ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите свои членови, но и поддржувачи и пријатели, да се вклучат и да помогнат во собирање на најскапоцената течност, велат од ССНМ и ЗНМ.

Главната крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 08 до 14 часот во просториите на дневниот центар на Црвениот крст на град Скопје, а на истата локација во 10 часот прес-конференција ќе одржат претставници од ССНМ и ЗНМ, Црвениот крст и Делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Реклама

Освен во Скопје, новинарите и медиумските работници крв ќе даруваат и во Битола, Гостивар, Охрид, Кочани, Струмица и Штип.