Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Започна изградбата на нова канализациона линија на улица 8 во населеното место Илинден

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на нова канализациона линија на улица 8 во населеното место Илинден со цел подобрување на комуналните услови за жителите.

-Новата канализациона мрежа ќе опфати вкупна должина од 130 метри и ќе се поврзе со веќе постојната фекална канализациона линија, која се влива во Фекалниот колектор Илинден – Марино, а со нејзиното пуштање во употреба ќе се овозможи приклучување на околу 10 домаќинства, се наведува во соопштението од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски изврши увид во почетокот на градежните активности и истакна дека овој проект претставува значаен чекор кон решавање на долгогодишниот проблем со одведување на отпадните води во овој дел од населбата.

Реклама

-Со изградба на оваа канализациона линија директно придонесуваме за подобрување на животната средина и создавањето поквалитетни услови за живот на граѓаните од овој дел на општината- истакна градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во сите области, со акцент на изградба и модернизација на фекалната канализациона мрежа, која ќе се реализира во поголем дел од населените места, со цел рамномерен развој и подобар животен стандард за сите граѓани.