Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Се чешла работењето на универзитетите – евалуацијата открива сериозни злоупотреби

Скандалот на Филозофскиот факултет ја отвори Пандорината кутија за тоа како работат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот на Филозофскиот факултет ја отвори Пандорината кутија за тоа како работат факултетите во државата. Министерката Јанесвка најави дека преку евалуацијата, ќе се чешлаат сите институции и дека јавноста наскоро ќе биде сведок на уште поголем скандал од оној на Филозофски каде беа беа фатени студенти кои спотивно на законот запишале магистерски и докторски студии. Се работи за седуммина запишани на магистерски и четворица на докторски студии. Државниот Просветен Инспекторат им го прекина студирањето. Од нив досега не докторирал ниту еден, а магистрирале осумина. 

Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи“, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска вели дека Државниот просветен инспекторат постапил по поплаки и жалби на поединци, по што утврдил каде се пропустите и донел одлука како треба да се постапува. Јаневска го добила извештајот од Филозофскиот факултет, викендов ќе биде на разгледување, а веќе од понеделник ќе се знаат деталите и ќе се постапи.

Реклама

Во текот на викендот ќе го обработиме (извештајот) и в понеделник веќе ќе носиме решение“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.

Оваа состојба е затекната за сите нас. Се случувало во периодот помеѓу 2019 и 2022 година во едно сосема друго опкружување и друго раководство. Останува да бидеме трпеливи и да го почекаме конечниот извештај на инспекцијата и да се постапи и тогаш ќе дадеме официјално известување за исходот од целата оваа состојба – рече Биљана Ангелова ректор на УКИМ.

Анѓелова посочи дека ќе се испита и состојбата на студентите кои се запишале на едногодишни магистерски и во изминатите три години.Агенцијата за квалитет во високото образование од формирањето до пред осум месеци не направила ниедна евалуација. Само во изминатите осум месеци се направени голем број евалуации со кои се утврдени неправилности.