Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Една изјава, 4 кривични дела – Нападот на Филипче врз ТВ Алфа, може да го чини многу, па дури и затворска казна

Со бруталните напади, обвинувања, етикетирања и критики кон новинарите на Алфа, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со бруталните напади, обвинувања, етикетирања и критики кон новинарите на Алфа, и телевизијата вопшто, Венко Филипче не врши само навреда и клевета, туку и кривични дела за кој законот предвидел затворска казна. Од оневозможување на службено лице во вршењето на својата должност, преку лажно пријавување, па се до омаложување. Експертите велат дека за само неколку минтути со својот рафален напад кон Алфа, Филипче изнел толку тешки квалификации, што нема суд што не би го осудил за низа дела. Едно од посериозните, за кое е предвидена затворска казна до шест месеци е  Омаловажување преку обвинување за незаконско дејствие.

„Три сентенции слушнав за три минути. Чиста клевета и навреда, црни пари и тоа во минато време. Вели обработувате, вие сте режимска телевизија, нема никакцва домашна култура, и сите напади му се во минато време. Овде има граѓанска одговорност, но и кривично дело, омаловажување со префрлање на кривично дело. Ја мислам дека би ја добиле тужбата за клевета само на овие изјави. Се поднесува во рок од 3 месеци од искажаната клевета, со поранешното однесување има многу пострашни работи кажани, вели Дуковски.

Освен што ја навредува, клевети и ја омаловажува телевизијата, Дуковски вели дека кривичната против Алфа е чист популизам бидејќи правниот тим на СДСМ, не само што не покажал докази, туку и ја утнал и институцијата во која треба да поднесат пријава.

Реклама

Нели имаат правни тимови таму. Беа истакнати правници, дел од нив влегоа и во Судскиот совет. Ако е перење пари надлежно е Обвинителството за организиран криминал и корупција, а не овде кај застанале да се сликаат, кај што се пријавуваат џепароши, вели Дуковски.

Навредите и клеветите на Филипче ги осудија сите новинарски здруженија и Агенцијата за медиуми. Македонската асоцијација на новинари побара институциите неодложно да ги заштитат медиумските работници бидејќи тие се изложени на континуирани и сериозни закани од СДСМ и нејзини функционери. Од асоцијацијата потсетија дека, согласно членови 382 и 383 од Кривичниот законик, заканите кон новинар, снимател или друг медиумски работник при извршување на професионални задачи се третираат како напад врз службено лице. Последниот напад кон Алфа од викендот, не се случува првпат. Во време на вледеењето на СДСМ, нашиот медиум беше повторно под напад од социјал-демократите и беше предмет на секојдневни инспекции и проверки, а не беше пронајдена ниту утврдена ниедна нерегуларност.