Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Транспортерите задоволни од владините мерки за стабилизација на економијата

Стандардот на граѓаните во време на кризата се заштити. Цените на производите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стандардот на граѓаните во време на кризата се заштити. Цените на производите останаа исти, без поголеми нагли скокови. Бизнис заедницата е задоволна од владините мерки, но и понатаму велат дека остануваат претпазливи. Според превозниците, мерката на Владата за намалување на акцизата придонесе за стабилизирање на цената на превозот, бидејќи транспортот игра значајна улога во формирањето на крајната цена на производот. Тие оценија дека досега Владата добро ја менаџира кризата.

„Фалби за мерките, добри се. Владата добро се справи. Акцизата ни помогна, останавме ликвидни и без загуби да работиме“, изјави Билјана Муратовска од МАКАМ.

Транспортерите се задоволни од овие мерки. Потврдуваат дека Владата има слух за нивните барања, особено во делот на одлуката за намалување на акцизите. Но, светската енергетска криза поради војната на Блискиот Исток ги става транспортерите кај нас во потешка ситуација во однос на конкуренцијата во Европа, па затоа бараат начин како повеќе да заработат, бидејќи сега единствена заработка им е повратот на ДДВ-то. Предлагаат долгорочни и трајни мерки за да се заштитат до завршување на кризата.

Реклама

„Бараме долгорочна мерка за враќање на акцизата и зголемување на признавањето на персоналниот данок при исплата на дневници на возачите, за да ги зачуваме возачите дома, бидејќи сега ако исплаќаме повисоки дневници за да ги зачуваме возачите, имаме многу помала заработка и сме на граница на рентабилност“, изјави Билјана Муратовска.

Инаку, цената на нафтата и на светските берзи забележа пад од скоро 9%, откако дувнаа позитивни ветришта од Блискиот Исток за воспоставување мир меѓу завојуваните страни. Берзите во петокот затворија со цена на граница од 90 долари за барел нафта.