Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
Министерството за здравство информира дека по дефект на мамографот во Клиничка болница…
18.04.2026
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Министерството за здравство информира дека по дефект на мамографот во Клиничка болница Штип е воспоставена нова организација за непречено спроведување на прегледите за жените од источниот регион. Согласно договорот меѓу болниците во Штип и Кочани, мамографиите ќе се изведуваат во Кочани, додека снимките ќе можат да ги прегледаат од стручниот тим доктори во Штип, со цел континуитет на услугата и поголема достапност за пациентките. Во меѓувреме се работи и на обезбедување нов апарат за Клиничка болница Штип.