Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Унија на полицајци од Килкис: Срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕС системот

Примената на новиот систем за биометриска регистрација и контрола на патници од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Примената на новиот систем за биометриска регистрација и контрола на патници од трети земји, согласно европската директива „Систем за влез/излез (Entry/Exit System)“, доведе до срамни сцени: редици, метеж, нервоза и на крај, изливи на гнев кон оние кои не се виновни-полицајците, кои уште еднаш функционираат како „вреќи за бокс“, пишува во соопштението од Унија на полицајци од Килкис, кои посочуваат дека е неприфатливо она што се случува последниве денови на влезно-излезните пунктови на Грција.

Од синдикатот на полициските службеници од општината во чии рамки е и граничниот премин Евзони кон нашата земја, коментираат дека „уште еднаш, полицајците и граѓаните стануваат сведоци на импровизацијата, неорганизираноста и бесчувствителноста што често ја карактеризираат грчката држава“.

Посочуваат дека иако примената на конкретниот систем беше позната со години, не биле преземени никакви мерки од Грција за: „суштинско, правилно и навремено просторно унапредување на граничните премини Евзони и Дојран, за да се овозможи непречено спроведување на биометриските проверки и регистрација“; за надградба и на застарените интернет линии и на инфраструктурата, но и дека земјата не презела мерки, алтернативно да побара одложување на примената на системот сè додека не се унапредат потребните инфраструктури и мрежи.

Реклама

– Ништо од ова не беше реализирано. Резултатот: веќе имаме срамни сцени на границите. Чекање, тензии, граѓани кои ги напуштаат своите возила за да се заврши регистрацијата, па дури и бебиња кои полицајци ги поставуваат пред камерите за земање податоци на самите сообраќајни ленти. И сето тоа, пред почетокот на туристичката сезона, кога колони возила и патници, во мнозинството државјани на трети земји, ќе пристигнат во земјата, соопштија од Унијата.

Велат дека потребно е итно дополнително зајакнување на граничните премини и нагласуваат дека ќе продолжат динамично да го истакнува овој проблем.

Паралелно објавија и фотографии од граничниот премин Евзони со редици возила, но и редица туристи кои чекаат да бидат регистрирани преку новиот ЕЕС систем на ЕУ за државјани на трети земји.

Претседателот на Унијата на полициски службеници од Килкис Христос Карјотудис непосредно пред почетокот на пилотската имплементација на системот во октомври минатата година, предупреди дека ЕЕС може дополнително да го отежне функционирањето на преминот и оцени дека може да донесе и дополнителни доцнења и зголемување на времето на чекање на границите.

Минатата седмица, на 10 април започна целосна примена на ЕЕС системот на надворешните граници на Европската Унија, откако делумно почна да се применува од 12 октомври лани.

Влезот и излезот за државјани на трети земји се евидентира електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија) сè со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во согласност со правилото 90 дена во период од 180 дена.