Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Средношколците од Крива Паланка со одлична изведба на „Диво месо” по повод патрониот празник

Средношколците од СОУ „Ѓорче Петров” во Крива Паланка се претставија пред пошироката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколците од СОУ „Ѓорче Петров” во Крива Паланка се претставија пред пошироката јавност со одлична изведба на култната драма „Диво месо” од Горан Стефановски, подготвена по повод патронатот на училиштето. 

Драмата ја режираа професорките по македонски јазик и литература, Жаклина Цветковска и Елена Трајчевска, а премиерната изведба наиде на голем интерес кај публиката и позитивни критики за младите, талентирани ученици, кои повторно ја етаблираа и реактуализираа темата на неприкосновениот македонски драматург, Стефановски, распаѓањето на едно предвоено македонско семејство.

Учениците од драмската секција ја пренесоа идејата што е круцијална, значењето на семејството, на потеклото, на домот и на татковината, а настанот помина во одлична атмосфера, во која доминираа младешката енергија и талент.

Реклама

Одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Ѓорче Петров” во Крива Паланка годинава се реализираше со богата и разновидна програма: квиз на знаења, презентација на проекти и ден на кариера, на кој матуранти од повеќе општини презентираа инспиративни идеи, се претставија факултети што отвораат врати за матурантите и компании што бараат таленти, додека учениците од здравствената струка вчера организираа бесплатно мерење шеќер во крв и крвен притисок во градскиот парк во Крива Паланка.

Програмата беше заокружена денеска со рецитал од учениците, спортски ден и доделување награди на најуспешните.