Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Стојанче се брани пред судот за случајот со смртта на Ивана и малечката Катја

Стојанче Јовановски, чија сопруга се фрли од тераса заедно со нивната шестгодишна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стојанче Јовановски, чија сопруга се фрли од тераса заедно со нивната шестгодишна ќерка во скопско Тафталиџе, пред судот изнесе сосема поинаква верзија за критичниот ден, брачните односи и однесувањето на Ивана.

Тој тврдеше дека Ивана била под притисок и уцени од сведокот Мартин Саздов, кој, според него, ѝ се заканувал со експлицитни видеа од нив двајца. Јовановски изјави дека под таков притисок Ивана поставила џи-пи-ес уред во неговото возило, а потоа му признала дека дрогата му била подметната од Саздов.

Според неговото сведочење, на критичниот ден дошло до расправија откако дознал за, како што рече, двојниот живот на Ивана. Тврди дека Мартин му покажувал пораки и снимки, а во еден момент ја удрил Ивана, по што таа наводно изгубила свест. Наведе и дека непосредно пред самоубиството, од телефонот на Ивана дознал дека таа се допишува со извесен полицаец, а од Мартин слушнал дека има и друг љубовник, тврдејќи дека двајцата биле измамени.

Реклама

Јовановски негира дека на автопатот Штип–Скопје ја исфрлил од возилото, тврдејќи дека таа доброволно излегла и со себе ја зела и ќерката Катја. Упорен е дека за сето ова има докази во неговиот телефон.

Обвинителството ги отфрли овие тврдења, оценувајќи дека станува збор за обид да се претстави како жртва.

„Тоа е очигледен обид да се избегне кривичната одговорност која му се става на товар, наспроти сите материјални и вербални докази што ги изведе Обвинителството. Јас од доказите изведував психолошки наод и мислење во однос на карактеристиките на личноста на Стојанче, каде е утврдено од страна на вешти лица дека тој има изразена манипулативност, тенденција кон искривување на вистината, во насока на себезаштита и префрлање на одговорноста кон други лица, како и минимизирање на сопственото однесување. Ова не е моја субјективна проценка, туку ќе биде детално елаборирано во завршниот збор, вели обвинителката Адела Бојчевиќ.

Во судницата сведочеше и вештакот по судска медицина, Златко Јаќовски. Освен повредите од падот, кај Ивана Јовановска биле утврдени и траги од удари со тап и тврд предмет, настанати десет дена пред смртта. При обдукцијата не биле пронајдени алкохол ниту други психоактивни супстанци.

Кај обвинетиот, пак, анализите покажале присуство на кокаин и седативи во организмот.

Обвинителството го товари Стојанче Јовановски дека ја навел сопругата на самоубиство, во период кога биле во бракоразводна постапка, дека ѝ ја загрозил сигурноста и ѝ нанел телесни повреди во рамки на семејно насилство.