Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Хоџа до граѓанските организации: Да работиме заедно за вистински зелен пресврт

Заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси – истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на националната конференција за природа.

Тој, како што соопшти ресорното Министерство, на граѓанските организации им порачал „да работиме заедно за вистински зелен пресврт“ нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Во своето обраќање Хоџа ставил фокус на новиот закон за природа, кој овој месец се објавува на ЕНЕР, и упатил повик до сите организации активно да учествуваат во јавната расправа. Според него, потребно е знаењето од терен за да се создаде систем што трајно ќе ги штити природните вредности и биодиверзитетот.

Реклама

– Министерот истакна дека се работи на повеќе фронтови за заштита на природата. Се усогласуваат законите со ЕУ-директивите за живеалишта и птици. Се развива мрежата „Натура 2000“ и се прогласуваат нови заштитени подрачја. Во подготовка е новата стратегија за биодиверзитет, а преку BIOFIN се работи на стабилно финансирање. Паралелно, се воспоставува регионален систем за отпад, кој ќе стави крај на дивите депонии во природа. Целта е јасна – одржлив траен систем, не привремени решенија – стои во информацијата на Министерството.