Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествува на 56. состанок на директори за цивилна заштита на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и на земјите учеснички во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ од 14 до 16 април 2026 година во Никозија, Кипар.

Како што соопшти ДЗС, главна тема на состанокот била подготвеноста за претстојната сезона на пожари на отворено, унапредувањето на цивилно-воената соработка, како и улогата и перспективата на вештачката интелигенција во цивилната заштита. 

– Посебна сесија на овој меѓународен 56. состанок на директори за цивилна заштита беше посветена на зајакнувањето за соработка во рамките на европскиот Механизам за цивилна заштита и на соработката на земјите од Западен Балкан. Притоа се разговараше за тековните ризици со кои се соочуваат државите и за развој на националните капацитети за справување со нив. Во рамките на оваа сесија се одржаа и посебни билатерални средби со претставниците на Директоратот за европски операции за цивилна заштита и хуманитарна помош на ЕУ (DG-ECHO) – се наведува во соопштението од ДЗС.  

Реклама

Состанокот во Никозија го отворил министерот за внатрешни работи на Кипар, Константинос Јоану, кој од јануари до септември оваа година претседава со Советот на Европа. Заедно со Ангелов е и Роберт Малезански, раководител на Одделението за специјализирани услуги со летала во ДЗС.