Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Секојдневни притисоци и навреди во автобусите на ЈСП – возачите и контролорите на удар од патници

Патник го фатил возачот за коса додека возел, па му ја удирал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патник го фатил возачот за коса додека возел, па му ја удирал главата од волан. Во друг случај повеќемина го нападнале кондуктерот со клоци и го удирале со боксови. На крај завршил во болница. Ова е дел од секојдневието со кое се соочуваат вработените на ЈСП. Велат дека континуирано се изложени на стрес и притисоци од патниците, што може да влијае на безбедноста на сообраќајот. Од синдикатот бараат поголема заштита на вработените, почести контроли на полицијата и построги санкции за патниците кои не ги почитуваат правилата.

„Имаше еден случај пред „Рекорд“ и тоа нема ни месец дена, двајца патници ја удирале главата на возачот од волан. И кај ќе вози во возилото. За среќа возачот бил присебен и застана на сред улица и побара помош. Пред една недела имаше го нападнаа физички линиска контрола. Затоа што побарал податоци од тој што немал билет и во тој момент одма го напаѓа, затоа што не сакал да се легитимира“, изјави Меџит Идризи од синдикатот на ЈСП.

Инаку од синдикатот веќе подолго време се жалат на вербални напади, притисоци и агресивно однесување од патниците. Оттаму велат дека во текот на месецот се случуваат четири до пет тепачки и инциденти во кои страдаат вработените на ЈСП. Некои се нервозни од чекањето автобус на постојките, но повеќето од инцидентите се случуваат затоа што патниците особено оние помладите одбиваат да платат билет. Освен шоферите, често мета на напади се и контролорите кои проверуваат дали патниците имаат билет.

Реклама

„Јас сум контролор што да ви кажам толку неубави работи,  невкусни, сепак пак ќе повторам некултура. Обично средовечните лица си ја гледаат работата си плаќаат и карта. Она се другото ти е само проблеми. Ќе му бараш карта, ти вика ајде шетај, знаеш ми вика, абе знаеш ли кој сум јас. Ајде да видам кој си ти му викам излези, за 35 денари така“, вели контролор.

„Патниците се некултурни спрема нас и вршат притисоци речиси во секој правец кога возиме. Нема потреба од наша страна да не навредуваат како возачи“, вели возач на автобус.

Директорот на ЈСП Сашо Илиевски вели дека се постапува по секоја пријава на возач и кондуктер, а во соработка со надлежните институции се работи на расчистување на инцидентите и санкционирање на сторителите. Тој нагласува дека безбедноста на вработените и патниците е приоритет, и најавува дополнителни мерки за заштита, меѓу кои засилено присуство на контроли, подобра координација со полицијата. Од ЈСП апелираат до граѓаните на поголема култура во јавниот превоз и почитување на правилата, со цел да се избегнат вакви немили настани.