Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Менкиноски за Алфа: Oдлуката на ОН во полза на Македонците во Бугарија, го стави билатералниот спор на „Голема сцена“

Прашањето за правата на Македонците во Бугарија повеќе не е само работа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прашањето за правата на Македонците во Бугарија повеќе не е само работа меѓу Македонија и Бугарија, туку за него ќе слушнат сите држави во светот. Одлуката на ОН дека Бугарија неосновано го блокира здружувањето на македонското малцинство, и дава можност на Македонија да користи меѓународни механизми редовни проверки за човекови права, извештаи од независни експерти и препораки од ОН. Проблемот излегува „на голема сцена“ и станува меѓународна тема, а не само билатерален спор, коментираат дел од познавачите.

Адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува правата на Македонците во Бугарија, вели дека ова за Македонија претставува значајна дипломатска можност.

Овој институционален механизам овозможува дополнителен легитимитет на позициите на Македонија, бидејќи се повикува на наоди и процедури на Обединетите нации, а не само на политички ставови. Во таа насока, државата може поактивно да ги користи механизмите како Универзалниот периодичен преглед (UPR), преку кој се оценува состојбата со човековите права во сите земји, специјалните процедури (специјални известувачи и независни експерти), како и договорните тела на ОН кои го следат спроведувањето на меѓународните конвенции, вели Тони Менкиноски, адвокат.

Реклама

Според него, темата може да се отвори и на други важни нивоа во ОН, што дополнително ќе го зголеми притисокот, а со тоа прашањето ќе мора да се реши. Сепак, тој предупредува дека овој процес треба да се води внимателно со дипломатски пристап, почитување на меѓународното право и со фокус на дијалог. Вели дека целта на македонската власт треба да биде насочена кон постигнување на долгорочно решение, а не да има само краткорочен политички ефект.

Пред неколку дена, Комитетот за човекови права при Обеднетите нации, утврди дека на Македонците им е прекршено правото на здружување, откако бугарските судови одбиле да регистрираат невладина организација без јасно објаснување.

Станува збор за „Правозаштитен комитет Толерантност“, формиран од Стојко Стојков, со цел заштита на правата на Македонците во Бугарија. ОН бара од Софија да ги преиспита одлуките и во рок од 180 дена и да достави извештај.

Ова не е прв ваков случај. Судот во Стразбур досега донел 16 пресуди во корист на македонските здруженија, но Бугарија не спровела ниту една. Дел од нив се стари и по речиси две децении.

И покрај реакциите од Европа и сега од ОН, односот на бугарските власти кон Македонците не се менува. Напротив, официјална Софија и понатаму тврди дека прашањето се политизира.