Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Коj уште треба да ја прекори Софија, за да ја промени политика кон Македонците?

Стигна уште една одлука со која се потврдува негаторскиот третман на бугарската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стигна уште една одлука со која се потврдува негаторскиот третман на бугарската власт спрема македонското малцинство, но овојпат не е од Европа туку од светската организација. Не се знае по кој пат, се поставува прашањето до каде ќе оди Бугарија со непочитувањето на човековите права на Македонците, откако не само што реагираа сите европски инстутуции, туку и ОН.

Комитетот за човекови права при Обединетите нации утврди прекршување на правото на здружување на Македонците од страна на Бугарија, откако тамошните судови без образложение одбиле регистрација на организација формирана од Македонец.

Станува збор невладината организација “Правозаштитен комитет Толерантност“.  Комитетот е основан пред 13 години од академикот Стојко Стојков и негови истомисленици, а во статутот како цел е наведена борба за правата на Македонците во Бугарија и нивните проблеми.

Реклама

Според објавата на веб страната на ОН, Комитетот за човекови права ја повика Бугарија да ги преиспита домашните судски одлуки со кои се одбива и побара Бугарија да поднесе извештај во рок од 180 дена со сите детали за случајот од невладината.

Покрај ОН и Судот за човекови права во Стразбур има донесено 16 пресуди според кои Бугарија ги крши човековите права со тоа што не дозволува Македонците да формираат невладини и здруженија. Државата се уште не спровела ниту една пресуда, а тоа отвора сериозни прашања за почитувањето на европските стандарди.

Станува збор за пресуди донесени пред 18 години и кои најчесто се поврзани со забрана за регистрација на здруженија, и негирање на правото на самоидентификација на Македонците.  

Досега, Бугарија вкупно платила 11 милиони евра отштети за пресуди против државата, меѓу нив и за 16-те пресуди во корист на македонските здруженија кои што Бугарија упорно одбива да ги регистрира.  За 30 години од ратификацијата на Европската конвенција за човековите права, Бугарија била тужена околу 1.500 пати и од нив половината се со осудителни пресуди за нарушување на конвенцијата.

Од вкупно 16 добиени пресуди за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, 11 се на ОМО „Илинден Пирин“. Првата пресуда оваа организација ја добила пред Стразбур во 2001 година. Ниту неа, ниту последователните 15 добиени пресуди, Бугарија не ги спроведе.

Покрај судот во Стразбур и Советот на Европа реагираше за истата тема. Во последниот извештај за постмониторинг дијалогот со властите во Софија во делот за човековите права на малцинствата го нотираше неспроведувањето на пресудите.

И покрај сите одлуки и реакции на европските институции, сепак Бугарија не го менува односот со тамошните Македонци. Дури лани испрати и допис до Стразбур жалејќи се дека Македонците во Бугарија и македонската власт го политизираат ова прашање.

https://youtu.be/HtL-uXMi2fQ