Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Се продлабочува соработката помеѓу општините Делчево и Монфорте

Делагација на Општина Делчево е во посета на иселениците во Италија, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делагација на Општина Делчево е во посета на иселениците во Италија, каде денеска беше остварена плодна и конструктивна средба помеѓу градоначалницитет на Делчево, Иван Гоцевски, и на Монфорте д’Алба, Италија, Ливио Џенезио, при што беа поставени темелите за продлабочување на меѓуопштинската соработка.

Како што информира градоначалникот Гоцевски на неговиот фб профил, средбата претставува значаен чекор кон воспоставување посилни партнерски односи и градење мостови помеѓу двете локални заедници. Во фокусот на разговорите биле размена на искуства и идеи за унапредување на локалните политики, со акцент на економскиот развој, туризмот и руралниот развој.

– Убедени сме дека ваквите партнерства носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат основа за долгорочен напредок и реализација на заеднички иницијативи – изјавил Гоцевски.

Реклама

Тој упатил благодарност за топлиот пречек и отвореноста за соработка од италијанската страна, изразувајќи очекување за реализација на идни заеднички проекти.

Градоначалникот нагласил дека во Монфорте д’Алба постои особена почит кон Делчево и кон иселениците од овој регион кои со децении живеат и работат таму.

– Подготвени сме во иднина заеднички да ги зајакнеме врските помеѓу нашите општини – додава во објавата на социјалните мрежи Гоцевски воедно оценувајќи ја средбата како почеток на поинтензивна соработка, која ќе придонесе за развој и поврзување на двете заедници.