Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Владата ја следи инфлацијата и цените на основните продукти околу Велигден

Споредба на цените на лебот, млекото, маслото за јадење, јајцата за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Споредба на цените на лебот, млекото, маслото за јадење, јајцата за да се знае дали и колку поскапеле основните прехранбени производи. Премиерот Мицкоски вели дека го задолжил Министерството за економија и труд да изработи анализа, за Владата да ги планира следните чекори за заштита на животниот стандард на граѓаните. Резултатите од деталното истражување ќе бидат познати по празниците. Во пресрет на Велигден, Државниот пазарен инспекторат ги зајакна контролите на терен. Мицкоски вели дека со намалувањето на ДДВ и акцизите на горивата се неутрализирал ценовниот удар и дека Македонија има меѓу најниските стапки на месечно ниво на инфлација од 0,7%. Подобро од нас стојат само Словенија, Словачка, Естонија, Белгија. Имало држави и со многу послаби резултати и месечна инфлација и од 2,5%.

„Во периодот МЕТ ќе направи компаративна анализа помеѓу цените на основните прехранбени производи на почетокот на февруари и почетокот на април оваа година. Инфлацијата е 0,7% и е петта најниска во Европа, позади Белгија, Естонија, Словенија и Словачка. Со сиот ризик дека повторно од одредени структури ќе бидам нападнат. Но, тоа се факти, тоа се бројките“ – вели Мицкоски.

Цената на нафтата е намалена на референтната берза за формирање на цените во Македонија за 20 долари по барел. Сепак, премиерот наведува дека таа е се уште висока , односно 97 долари за барел, но драстично пониска од пикот од 120 долари за барел. Мицкоски е задоволен од ситуацијата на нафтениот пазар во Македонија и покрај зголемената потрошувачка на горива во пограничните региони и снбдувањето со керозин од страна на околните аеродроми. Засега, тој смета дека не се потребни мерки за ограничување на набавките.

Реклама

„Ние имаме доволни количини на дизел горива и на останати нафта и нафтени производи и во цевководот кој што го пуштивме на почетокот на годината, којшто ја поврзува рафинерија ОКТА со солунското пристаниште, но и во државните резерви. Немаме досега најава за било какви попречувања во делот на снабдувањето. Не планираме да воведеме ограничувања“ – вели Мицкоски.

Кризата е далеку од готова. И ако конфликтот заврши утре, последиците ќе бидат подолгорочни – предупредува премиерот. Ако пред нападот на Иран, низ Ормутскиот теснец поминувале од 50 до 100 танкери, денеска, по примирјето, нивниот број е едвај десетина. Дополнително, многу рафинерии и други производствени  капацитети се уништени или пак ќе треба долг период на обнова. Токму затоа, економиите се подготвуваат да издржат поголем финансиски товар.