Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Институциите контра „газдите“ на хациенди во Ореовец -ископот во каменоломот не е опасен за водата во прилепско

Нула опасност за водата и во Ореовец и во Прилеп. Сите извори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нула опасност за водата и во Ореовец и во Прилеп. Сите извори се наоѓаат во строго заштитени зони во кои се забранети какви било активности, а и државниот и приватните каменоломи се надвор од нивните граници. Ова го потврдуваат сите анализи, како и посебниот елаборат кој уште пред повеќе од 10 години е изработен за потребите на Јавното претпријатие Водовод и канализација – Прилеп.

„Тоа подразбира определена површина која што е заштитена и во која што е забранет пристапот и изведба на било какви активности кој што не се дозволени со тој елаборат.“– вели директорот на ЈКП Водовод и канализација – Прилеп, Ѓоко Јочкоски.

Оттаму велат дека постојано се вршат контроли на квалитетот на водата, и од нивна страна и од Центарот за јавно здравје.

Реклама

„Испитувања за квалитетот на водата, покрај со нашата лабараторија и интерна лабараторија водовод и канализација како што напоменав, изведува и Центар за јавно здравје и резултатите од таму се официјални. “ – вели директорот на ЈКП Водовод и канализација – Прилеп, Ѓоко Јочкоски.

Дел од сопствениците на имоти во Ореовец, пак, и натаму велат дека каменоломот би ги загрозил изворите. Одат дотаму што тврдат и дека цел Прилеп може да остане без вода, иако од атарот на ова село се добива многу мала количина, а најголем дел од водата во градот стигнува од сосема друга страна.

Старите градски извори од кои порано се снабдувал Прилеп, се работи за четири извори, пред Студенчица, добиваме 30 до 40 литри вода од овие четири изворишни места.“ – вели директорот на ЈКП Водовод и канализација – Прилеп, Ѓоко Јочкоски.

Инаку дел од сопствениците на куќи, вили и хациенди од Ореовец речиси две години не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади материјал за изградба на автопатот Прилеп – Битола.

Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали кои би морала да ги плаќа државата но и поради трошоци за купување на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште.

Симптоматично е што оние кои ја попречуваат градбата на автопатот преку блокирање на пристапот до државниот каменолом, немаат ништо против неколку приватни каменоломи кои во овој крај работат со години.