Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Автопат Прилеп – Битола: Едни ја блокираат изградбата, други живеат во сообраќаен метеж

Метеж и колони. Патувањето меѓу Прилеп и Битола е вистинска авантура зашто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Метеж и колони. Патувањето меѓу Прилеп и Битола е вистинска авантура зашто додека се гради новиот автопат, сообраќајот е пренасочен по стариот регионален пат кој минува крај Лагово, Тополчани и уште неколку пелгониски села.

Локалните жители бараат оваа делница од Коридорот 10-Д да биде завршена што побргу. Новиот автопат ќе значи поголема безбедност и побрзо патување.

„Тоа ако го направат, што може најбрзо да се направи, оти голем проблем е за нас и за сите, со трактори да може да излегуваме. Досега требаше да биде направен. Отежнато е возењето и колку може побрзо да биде направен, толку подобро ќе биде за сите за нас“, велат граѓаните.

Реклама

И додека од оваа страна на Прилеп сите едвај го чекаат автопатот, од другата страна – проблем. Изградбата е отежната зашто дел од сопствениците на имоти, пред се луксузни хациенди со базени и градини, во селото Ореовец речиси две години не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади градежниот материјал. Тврдат дека биле загрижени за животната средина иако сите анализи и контроли го велат спротивното.

И додека Ореовец блокира, последиците најмногу ги трпат жителите на Лагово и Тополчани, но и на Прилеп и Битола, па и цела Македонија.

„Треба да продолжи, потребен е да. Треба да работат да. Треба да се изгради“, велат граѓаните.

Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали кои би морала да ги плаќа државата но и поради трошоци за купување на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште.

Во меѓувреме целиот сообраќај останува пренасочен по стариот, регионален пат.