Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Пазарните инспектори секојдневно на терен: драстични зголемувања на цените нема

Во пресрет на Велигден, засилени контроли на терен. Инспекторите прочешлале  над 800…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на Велигден, засилени контроли на терен. Инспекторите прочешлале  над 800 маркети, дистрибутери и производители последните две недели.  Не се регистрирани драстични промени на цените, ама надлежните остануваат на терен.

„30 тимови излегоа на терен. За последниве две недели мониторирани се над 800 продажни места на мало и на големо како и дистрибутери и тие покажуваат општествена одговорност. Нема драстични промени на цените на прехрамбените производи. И засега цените се стабилни.“- велат од Државен пазарен инспекторат.

Кај оние продукти каде има зголемување на цените, причините се во неизбежните глобални трендови и производствени трошоци.

Реклама

„Јајцата бележат зголемување од 10-15% во однос на Јануари и Февруари, што се должи на поскапувањето на сточната храна, особено сојата и пченката, чија цена на светските пазари е за 100 % зголемена. Кај маслото пак има раст од 5-10%, што е директно поврзано со движењата на светските берзи, имајќи предвид дека ние сме увозно зависна држава.“ – велат од Државниот пазарен инспекторат.

Инспекторите и после Велигден ќе контролираат дали цените се покачуваат,или пак, како што се очекува, ќе се намалт постпразнично.  Граѓаните ги чувствуваат поскапувањата, но велат, нема значителни отстапки од до сега.

„Мислам дека не се толку поскапени, но не се толку, за 10 или за 20 денари се поскапени. Има во обилност. Пред празникот се креваат цените обавезно, а после празникот ќе паднат.“– велат граѓаните.

Цените на намирниците се разликуваат од маркет до маркет. Табла јајца сега може да се набави по цена од 280 до 310 денари, а маслото може да се најде од 90 до 120 денари. Килограм јагнешко може да се најде за 650 денари, а телешкото чини околу 1050 денари. Говедското може да се купи по цена од 500 до 800 денари. Свежото свинско и пилешко вообичаено се поефтини. Пример свинска плешка чини околу 410 денари, а ребрата може да се најдат и по 380 денари. Свинскиот бут може да се најде по цена од 420 денари. Пилешкото филе чини од 370 денари па нагоре во зависност од маркетот во кој пазарите.

Краставиците по пазарите се нудат по цена од 100 до 160 денари. Младиот кромид се продава по 50 денари за две парчиња а лук 25 денари за снобче. Пиперките се продаваат по цена од 200 до 250 денари,а банани може да се купат за 70 до 75 денари.