Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

На Интернационалниот факултет „Европа Прима“ доделени дипломите на 40 студенти

Во атмосфера исполнета со емоции и очекувања, 40 студенти од Интернационалниот факултет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во атмосфера исполнета со емоции и очекувања, 40 студенти од Интернационалниот факултет „Еуропа Прима“ примајќи ги своите дипломи ги заокружија своите академски патувања низ различни катедри, носејќи со себе знаење, но и визија за светот што допрва ќе го создаваат. Во исполнетата сала на факултетот, ректорот Трајковски им посака среќа и успех.

Денес на овој свечен чин обраќајки ви се директно вам, на најновата генераеција диплминрани кои животот го гледате низ уметничка визура ви посакувам стекнатото образование да ви ги отвори вратите на многу хоризонти, да ве донесе до крајните и да ви  помогне“, изјави ректорот Александар Трајковски.

И додека една генерација го заокружува своето патување, нова веќе чека на прагот – подготвена да создава, да истражува и да го раскажува светот преку уметноста. Со денешниот настан, свечено им се отвораат вратите и за новите генерации студенти.

Реклама

Па има отворени околу 50 места на Универзитетот тоа  може да биде и поголем независно од тоа што во годините варира, но, се надеваме дека годинава интересот ќе биде поголем бидејќи во овие неколку месеци и пред отворањето на конкурсот, имаме поголем број среденошколци  од Скопје и Републиката кои се јавуваат за различни катедри“, изјави Јордан Плевнеш, професор и претседател на „Еуропа Прима“.

Плевнеш зборуваше за интернационалната одисеја на факулетот, патување низ кое во изминатите две децении се создадоа генерации уметници во анимација, фотографија, мултимедија и звучен инженеринг.

„Четири години студирав досега на класата за филмска режија, односно првично на филм и дигитални медиуми, на крај се префрлив во режија. Има по нешто се снима по некој филмче“, изјави Давид Дулев студент.

Меѓу нив беше и Давид, дипломиран студент по режија, кој низ својот творечки пат ја обликуваше својата уметничка визија.

Во рамки на настанот беше одбележан и јубилејот од 15 години соработка со четири меѓународни универзитети. Универзитетот едуцира кадри во 12 аудиовизуелни професии, преку три студиски програми театарски, музички и филмски уметности.