Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Веќе видено сценарио: Таканаречениот студентски протест е само обид на Али Ахмети преку закани и национализам да види каква му е силата

Обид на Али Ахмети, повторно по којзнае кој пат преку национализам, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обид на Али Ахмети, повторно по којзнае кој пат преку национализам, да си ја оцени својата моментална политичка сила. Таканаречениот студентски протест за правосуден испит на албански јазик, не е ништо повеќе од обичен партиски митинг на ДУИ, каде единствената цел беше да се види колкава поддршка ужива партијата од Мала Речица. Сепак на крајот може да се каже дека овој собир е разочарување за интегративците, само некаде 500 луѓе, и тоа заедно студенти, професори и видни партиски членови. 

-Покажува дека е политички мотивиран, имајќи во предивд дека на куп беа студентите, нивните професори и нивните политички чинители. Односно не може еден протест да има такво влијание, без некој да ги поддржува од позади, имајќи во предвид дека после 2001-та година во Македонија се случиле многу други потешки работи за Албанците, но никогаш тие не успеаја да излезат на протест, изјави за Алфа политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.

Самиот протест дојде по јавното обраќање на Али  Ахмети, кој во свој заканувачки стил, предупреди дека било какво навлегување во прашањето на јазикот, може да ја доведе во прашање стабилноста на државата. Иако од опозициската партија се оградија дека стојат зад овој протест, на истиот присуствуваше, а и пред камерите говореше поранешниот министер за образование, Арбр Адеми. А дека присуствувала се пофали на социјалните мрежи и портпаролката на ДУИ, Арта Билали Зендели.

Реклама

Фаризи вели дека правото место каде што треба да протестираат младите Албанци од Македонија, е пред штабот на ДУИ, партијата која две децении не направи ништо да го реши овој проблем.

-Освен тоа што е политички мотивиран, студентите требаше маршутата да ја почнуваат од Тетово, односно од Мала Речица, каде е и политичката партија на ДУИ, бидејќи она ги генерираше сите овие проблеми во последните 22 години во власт. А да не заборавеме дека во протстите заедно протестираа и поранешните министри, односно министрите за правда, кои беа одговорни баш за тој ресор, односно за правосудниот испит, изјави Фаризи.

Инаку на протестот, на кој околу 500 луѓе маршираа од плоштадот „Карпошово востание“, преку Камениот мост и плоштадот Македонија, па се од Министерството за правда може да се забележат албански и американски знамиња и транспаренти во рацете, но не можеле да се забележи ниту едно македонско знаме. Тие побараа да им биде дозволено да го полагаат правосудниот испит на албански јазик.

Матеја Петровски