Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор

На Алфа телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Алфа телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, кој истакна дека вклученоста на младите во политиката е клучна за да можат да го обликуваат општеството како што тие го гледаат и да ги направат промените кои што тие сакаат да ги видат, директно со вклучување во политичките процеси.

„Ние гледаме 2 типа на младински активизам и тоа преку партиски подмладоци и невладин сектор во кој луѓето би требало да се ангажираат. Постои јавен дискурс, наратив кој што неодговорни партии, политичари се обидуваат да го наметнат и да внесат апатија кај младите луѓе, дека процесите и одлуките не зависат од нив што е многу лош пристап. Можам да кажам дека интеракциите, врските и дисциплина која се стекнува низ тој активизам, кога се вклучувате во тие текови се буди креативноста  и таа стекната вештина подоцна користи многу во процесот на напредување низ професионална и политичка кариера. Една порака до младите луѓе, на нас ни треба масовно вклучување на младите во процесите, со нивниот темперамент и знаења имаат капацитет да предизвикаат сериозна промена во размислувањето кај луѓето коишто ги носат одлуките“, рече Марков.

Марков во однос на младинските политики посочи дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува мерки во областа на образованието, со цел олеснување на образовниот процес и подобра информираност на младите и како дел од тие политики ги наведе инвестициите во студентските домови, дигитализацијата и доделувањето на ваучери за електронски уред.

Реклама

„Потребни ни се млади кои ги разбираат процесите, младите треба да имаат „борбен мајндсет“, во кој што ќе си кажат: да ќе го посветам времето, ќе ги стекнам вештините кои се потребни, за да можам да ги наметнам промените коишто сакам да ги видам. Владата на ВМРО-ДПМНЕ последните години колку е на власт, води една таква пријатна политика за младите луѓе која што нуди да бидат покриени сите ставки од развојот, има мерки кои се однесуваат на олеснување на процесот на образование, сега имаме и сериозни инвестиции во реновирање на студентските домови, достапност на информации преку дигитални алатки, Владата имплементираше и преубава мерка со ваучерите од 250 евра за електронски уред“, вели Марков.