Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Андоновски: Аплицирањето за електронски изводи од матичните книга на родените најкористена услуга на електронскиот портал uslugi.gov.mk

Електронските изводи од матичните книги на родените, е една од најкористените услуги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Електронските изводи од матичните книги на родените, е една од најкористените услуги во моментот на порталот uslugi.gov.mk ,  изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Тој потсети дека аплицирањето за електронски изводи од матичните книги на родените, венчаните, умрените и потврдата за слободна брачна состојба се достапни на електронскиот портал uslugi.gov.mk, што значи дека и аплицирањето на порталот и добивањето на услугата се целосно електронски, а документот го добивате и во своето електронско поштенско сандаче, нешто што го промовиравме во декември минатата година, а го добивате и на својата мејл-адреса, па потоа може да го испечатите ако сакате – . 

Во однос на обврската да се испечати, Андоновски, вели дека, за жал, повеќето од законите бараат извод од матична книга што институциите сметаат дека треба да биде печатен документ. 

Реклама

– Токму во оваа насока се измените, кои се прават на секој од поединечните закони, каде што се вели дека, освен електронски извод, може да ја добиете таа потврда и по службена должност, нешто што, на пример, Министерството за внатрешни работи го користи за издавање лиценци или дозволи за оружје. Тие по автоматизам или по службена должност сами ги прибират податоците за државјанство, за извод од Матичната книга на родените и потврда за неосудуваност од страна на судовите. Се надевам во оваа насока ќе се придвижат и другите институции. Мое е да кажам дека можноста постои, а задачата на секоја од институција е тоа да го реализира –-изјави Андоновски. 

Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања, на промоцијата на трите нови услуги на портаолот со Државниот завод за статистика рече дека во Министерството за дигитална трансформација потпишале договор со двата репрезентативни синдиката и дека сите 180 лица ќе добијат покачување на мартовската плата. 

– Јас вчера ја потпишав и сега со додатоците од 7 отсто, и а ако се соберат додатоците до 2028 година, станува збор за повеќе од 25 до 30 % зголемување на платата. Се надевам дека вработените во Министерството за дигитална трансформација ќе бидат задоволни со ова покачување – изјави Андоновски.

Инаку, според порталот uslugi.gov.mk најкористените услуги од граѓаните, освен издавање извод од матична книга на родените, се и Барање за издавање на одобрение за набавување на оружје за физичко лице, Издавање на потврда од казнена евиденција за физички лица и Издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци.