Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Десетина „газди“ на хациенди ја доведуваат во прашање навремената изградба на автопатот Прилеп – Битола

Заглавен автопат и штети кои може да надминат фантастични 150 милиони евра.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заглавен автопат и штети кои може да надминат фантастични 150 милиони евра. Самоволието на десетина сопственици на луксузни хациенди со градини и базени во селото Ореовец ја отежнува изградбата на Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола.

Дека не се работи за обични селани и обични имоти покажуваат снимките од дрон на кои се гледаат куќи со неколу ката со уредени тревници, летниковци, фонтани.

Овие луѓе речиси две години не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади градежниот материјал. Тврдат дека се загрижени за животната средина иако сите анализи и контроли го велат спортивното.

Реклама

На терен имаат излезено инспектори од Министерството за екологија и од Општина Прилеп и немаат констатирано никакви неправилности.

Поставени се и апарати за мерење на загадувањето, на вибрациите и на бучавата кои покажуваат дека нема отстапувања од дозволените вредности.

„Јавното Претпријатие го разбира правото на група граѓани за изразување на незадоволство преку организирање на јавен собир, но тоа не значи дека треба да се дозволи 24 часовна блокада на пристапот за работа и оневозможување на работата, а посебно доколку се работи за Проект од јавен интерес.“ – велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Симптоматично е што оние кои ја попречуваат градбата на автопатот преку блокирање на пристапот до државниот каменолом, немаат ништо против неколку приватни каменоломи кои во овој крај работат со години.

Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали кои би морала да ги плаќа државата но и поради трошоци за купување на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште.

Поради блокадите и отежнатата градба изведувачот Бехтел и Енка веќе размислува да бара отштета која би била сериозен удар за државниот буџет и според одредени процени би надминала и десетици милиони евра.

Конкретниот каменолом односно Позајмиште 6 е во сопственост на државата и е оддалечен повеќе од 700 метри од селото, локацијата е одредена со самиот договор за Изведба на Коридор 8 и Коридор 10д а претходно и била планирана за доделување концесија за комерцијално користење.

Факт е дека доколку ова позајмиште не се користи практично нема изградба на автопатот Прилеп – Битола.