Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во некапацитетноста Филипче е докажан кадар, почнувајќи од корона периодот кога му починаа 10.000 граѓани, се до водењето на СДСM што ја донесе до едвај 130.000 гласа

Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја зачува фотелјата во СДСM, која впрочем и му ја чува на неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче ниту го интересира стандардот на граѓаните, ниту е загрижен за енергетиката која токму владата на СДСM ја уништи и ја ограби, со наместени тендери за што нивниот Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е во бегство за милионски криминал, се вели во соопштението од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервју на лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Српско руските духови кои повторно се разбудени кај Филипче, поврзани се токму со СДСM, почнувајќи од белорускиот конзул Борче Марковски кои на неговата фирма „Марковски“ му доделуваа тендери во вредност од над 100 милиони евра, па се до прорускиот украински политичар, сега веќе осуден на 15 години затвор за перење пари и корупција, кому му доделија македонско државјанство додека бегал од правдата.

Во некапацитетноста Филипче е покажан и докажан кадар и тоа најмногу го докажа во периодот на министерувањето во корона периодот, кога Македонија ја фрли на колена по број на смртни случаи, каде рушевме светски и европски рекорди, со околу 10.000 починати лица.

Реклама

Во тој период Филипче се покажа способен само во процентите, кога додека светот и државите од регионот набавуваа вакцини против ковид за своите граѓани, тој договараше проценти за набавка на ковид вакцини по цена дупло повисока од пазарната од фирма за овошје.

Исто така, не треба да ја заборавиме и модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 граѓани, токму поради лакомоста за профит и повисок процент од тендерска постапка, чија спецификација Филипче лично ја подготвил и ја потпишал.

Исто така, своето немање капацитет Филипче го потврди и со раководењето на партијата каде што со празната реторика и промашена ПР стратегија, СДСM ја направи трета партија во државата со одвај 130 гласа.

Во однос на грижите на Филипче за правосудството, знаеме дека плаче по Љупчо Коцевски за кого до последно се бореа да остане на чело на обвинителство, кој и покрај бројните афери и индиции за криминал, за него и неговите партиски другари нема никаква истрага.

Периодот на владеење на СДСM беше време кога судии и обвинителите се бираа по партиските штабови во Струмица и на Бихаќка.

Јавноста не заборава дека во семејна куќа на судијка, беше сместен општински штаб на СДСM. Не заборава ниту на судијката Ана Павловска Данева, поранешна потпретседателка на СДСM и нивна пратеничка, како ни на Весна Дамева, која гордо сликана со Заев, стигна до претседателка на Судски совет.