Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Под мотото „Сите сме дел од истата слика“ во Велес одбележан светскиот Ден за свесноста за аутизмот

Претставници на Општина Велес и градоначалникот Марко Колев заедно со деца со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на Општина Велес и градоначалникот Марко Колев заедно со деца со аутизам денеска во Градскиот парк во Велес со сложувалка изработија слоган „Сите сме дел од истата слика, како поддршка на локалната власт за овие деца и млади“.

Како што информира попладнево градоначалникот Колев, на денешниот ден  – 2 април кога го одбележуваме Светскиот ден за свесноста за аутизмот, притоа се потсетуваме на посебните, прекрасните, најемотивните помеѓу нас – лицата со аутизам

-Аутизмот не доаѓа со упатство, туку со семејство што никогаш не се откажува и опкружување што знае да поддржи. Борбата е секојдневна, а одговорноста е на сите нас: заедно да ја составиме сликата на свесност, на разбирање и поддршка, потенцира Колев.

Реклама

Инаку Општина Велес во изминатите години во сите училишта и градинки во Велес опреми соби за децата со аутизам, вклучени во редовната настава и со престој во градинка.

Велешката Спомен костурница од НОВ деновиве свети во сите бои за поддршка на лицата со ретки болести, а вечерва ќе свети во сино во знак на поддршка на лицата со аутизам.