Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Нови сведоштва на судењето на Јовановски: Наставничката добила насоки од психологот да ја следи Катја

Училиштето на Катија и семејството на Ивана Јовановски која заедно со детето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Училиштето на Катија и семејството на Ивана Јовановски која заедно со детето се фрли од балкон во Тафталиџе на почетокот на месецов, знаеле за насилството што таа го преживува. Пред судот сведочеше наставничката на малата Катја, братот на Ивана и сосетка од зградата. Наставничката на Катја уште од првиот училишен ден била информирана од бабата на детето, за состојбата на Ивана и насилството во домот. Малата Катја во игра со децата паѓала на земја и велела дека мајка и така паѓа кога татко и ја тепа. По ова, службите во улиштето ја викнале Ивана и ја упатиле каде да бара помош. Во наредните месеци се до трагедијата, Катја била ведро дете, се дружела и сите ја сакале. Дури била и пресреќна кога во една прилика дошол да ја земе татко и. На ова сведочење, Стојанче Јовановски се расплака. На цртежите на тема семејството, секогаш ја цртала само мајка ѝ. На денот на трагедијата, немало ништо сомнително, освен што Катја имала нова гардероба на неа, со се уште не извадени етикети.


Колешката ми се јави вечерта околу 20 часот, вознемирена, затоа што една од родителите ѝ се јавила и ѝ рекла дека Катја и мајката се мртви. Ми рече дека Ивана ѝ се јавила околу 11.30 и ѝ рекла дека тој ден Катја од училиште ќе ја земе нејзината мајка. Но, по часот Ивана ја зела Катја, рече наставничката, која додаде дека двете делувале среќно кога се заедно, вели Натка Лазарева, аставничка на Катја од ОУ Јохан Хајнрих Песталоци.


Братот на Ивана, Александар Стојановски за насилството дознал откако Ивана во месец август се вратила кај родителите заедно со Катја. Тој сведочеше за оставинската постапка, за делбата на имотот и за односот со обвинетиот Стојанче Јовановски. Тој рече дека не е убеден дека сестра му доброволно се враќала кај Стојанче, туку дека била уцената. Исто така кажа дека некои нејзини чекори биле чудни и неразбирливи за нејзиното пошироко семејство. Пред Нова Година се вратила да живее со сопругот. Вратата на неговите родители, како што кажува секогаш била отворена за Ивана.

Реклама


Ивана ни кажа дека Стојанче ѝ се закнувал дека ќе ѝ го земе станот. Ѝ побарал 30.000 евра да го исплати и да си оди. Сестра ми побара да ѝ помогнам. Се согласив, ѝ реков дека тоа треба полека да го решиме, ама мора да бидеме сигурни дека нема да биде измамена, парите да ѝ се земат и ништо друго да не се случи, вели Александар Стојановски, брат на Ивана.
Пред судот зборуваше и сосетка од зградата. Таа сведочеше дека подолг период во зградата се слушало викање, тропање, удирање со столици, но и гласови на Катја.


Една ноќ кон 2 часот слушнавме „тато ќе ја убиеш мама“. Малата Катја викаше, се слушаше. Излегов надвор ама во ходникот не се слушаше ништо. Мислам дека и некои од другите комшии тогаш излегоа во ходниците. Јас лично два пати имам повикано полиција од ПС Карпош. Од другите соседи слушнав дека Катја излегувала во ходник тропала по врати и барала помош, вели Тања Спировска, сосетка на Ивана и Катја Јовановски.


Според сведокот, полицијата во два наврати, дошла но не направила ништо. Минатиот пат сведочеше сведокот кој критичниот ден бил со нив. Тој рече дека Ивана подолго време била излоѓена на психичко физичко насилство и на многу закани и уцени. Судењето продолжува на 8 април, со изведување на материјални докази.