Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Полицијата и ОЈО „чешлаат“ детска порнографија: Неофицијално уапсен и водител на поткаст кој шири бугарска пропаганда во Македонија

Претреси на седум локации, во три градови низ земјава, полицијата и Обвинителството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претреси на седум локации, во три градови низ земјава, полицијата и Обвинителството „чешлаат“ „производство и диструбуција на детска порнографија“.Според неофицијалните информации, кои ги објавуваат и бугарските медиуми, уапсен во истрагата е првиот човек на организацијата „Бугарите во Струмичката петорка“ и водител на поткаст кој шири бугарска пропаганда во Македонија и е директно поврзан со провокаторот од Софија,  Виктор Стојанов.

Според првичните информации, Секоторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со битолската, охридската и струмичката полиција, спровеле координирана операција. Се одземаат компјутерски уреди и податоци, кои треба да послужат како доказ во понатамошната постапка. Акцијата ја потврдуваат и од МВР и од Обвинителството, но повеќе детали засега не соопштуваат.

-МВР по обезбедени наредби за претреси и во координација со ОЈО Скопје презема дејствија за обезбедување докази, соопштија од МВР.

Реклама

Инаку, согласно член 193 од Кривичниот законик, оној кој што произведува детска порнографија, со цел нејзина дистрибуција, или ја пренесува, ја нуди или на друг начин ја прави достапна ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Тој пак кој набавува за себе или за друг детска порнографија, ќе добие од пет до осум годони. А ако двете дела се сторени преку компјутерски систем или друго средство за масовна комуникација, предвиден е затвор од најмалку осум години.

Инаку претходно кривична пријава Јавното обивнителство му поднесе на Виктор Стојанов поради сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Токму поткастот кој го води  стружанецот за кој неофицијално се тврди дека утрово е уапсен,  е дел од ова кривично дело.

Матеја Петровски