Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Најмногу дожд во Mаврови Анови и на Попова Шапка во изминатите 24 часа

Најстудено е утрово на Попова Шапка, -1 степен, каде што има и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најстудено е утрово на Попова Шапка, -1 степен, каде што има и снежна покривка од 72 сантиметри. Како што информира УХМР,  1 степен утрово е во Mаврови Анови, 2 во Kрушево и Лазарополе, 4 степени во Претор, 5 во Охрид и Берово, 6 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, 7 во Тетово, 8 во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Струмица и 9 степени во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа, најмногу дожд (40 литри на квадратен метар) наврнал во Mаврови Анови, 35 на Попова Шапка, 17 во Битола, 13 во Kрушево, 8 литри во Демир Капија, Гевгелија и Пожаране, 7 во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид и Лазарополе, 6 во Претор и Пожар-Радовиш, 5 литри во Крива Паланка, Тетово и Прилеп, 4 во Куманово, Велес и Кавадарци, 2  во Виница и Струмица и 1 литар на квадратен метар во Штип, Ѓуриште и Тополчани.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 литри на квадратен метар), на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.

Реклама

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне  10 степени.