Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за односи меѓу заедниците и Здружението на бизнис-жените

Со цел активно вклучување на сите засегнати страни во унапредувањето на положбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел активно вклучување на сите засегнати страни во унапредувањето на положбата на жената, зајакнување на општествената кохезија, правичната застапеност и меѓуетничката доверба, како и за економско јакнење на жените преку создавање поволна бизнис-клима и обезбедување системска поддршка за развој и промоција на женското претприемаштво, потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, и претседателката на Здружението на бизнис-жените, Валентина Дисоска, денеска потпишаа меморандум за соработка.

Со потпишувањето на меморандумот меѓу Министерството за односи меѓу заедниците и Здружението на бизнис-жените се воспоставува рамка за соработка меѓу двете страни преку утврдување на начелата, областите и активностите од заеднички интерес со цел директен придонес кон спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот рамковен договор.

– Преку меѓусебна соработка страните ќе придонесат кон градење односи на заемно почитување, соживот и социо-економско поврзување на заедниците, со посебен фокус на поврзување и зајакнување на жените од сите заедници. Воедно, оваа соработка ќе овозможи дополнително унапредување на правата на жените и нивната социо-економска положба во општеството – се наведува во соопштението од Министерството за односи меѓу заедниците.

Реклама

Соработката ќе се реализира во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои: меѓуетничко вмрежување преку креирање економски мостови, зајакнување на пограничните региони, развој на бизнис-соработката преку култура, како и поттикнување на јавниот дијалог.

Предвидено е соработката да се остварува врз основа на заемна комуникација и иницијативи, при што Министерството ќе има улога на институционален покровител на заедничките активности, а Здружението редовно ќе го информира за спроведените активности. Меморандумот за соработка стапува во сила на денот на неговото потпишување.