Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Од денеска вработените во образованието и здравството работат за повисоки плати

Растат платите на вработените во образование и здравство. Со новите колективни договори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растат платите на вработените во образование и здравство. Со новите колективни договори кои Владата ги потпиша со синдикатите, административците во овие два сектора, априлската плата ќе ја добијат покачување од 7,5%. Од синдикатот за Образование задоволни, велат дека, во рок од година и половина Владата во неколку наврати им ги  зголемила платите, а очекуваат овој процес да продолжи и во наредниот период .

„Синдикатот грижливо ги следи економските состојби во државата и спогодбата со МОН, нашиот процент на зголемување ќе биде повоск со процентот на годишната инфлација од претходната година. Во таа насока платите во образованието идат  во нагорна линија“, изјави, Јаким Неделков претседател на  синдикат на  образование.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објасни дека откако тој е шеф на владата платите во образование и здравство се зголемени за 20%.

Реклама

Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5% или што би се рекло ако почнеме од ноември месец 24 година па до денеска, над 20% за година и половина се зголемени платите на вработените во образованието откако оваа влада е избрана“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Сегашното покачување вклучува линеарно нивелирање од 8% и според пресметките, за приближно две години од сега, вработените во овие сектори ќе имаат повисоки примања за околу 40%. 

Со потпишувањето на новиот колективен договор, а кој што претходно беше договорен и усогласен со синдикатите на УПОЗ и САДУ, од април се очекува и сите да добијат покачување во државната и јавна администрација.