Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Мекотелните политики се минато: Уставни измени нема без гарантирање на идентетот и почитување на правата на Македонците во Бугарија

Мекотелните политики се минато, за разлика од претходно сега нема поместување ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мекотелните политики се минато, за разлика од претходно сега нема поместување ниту милиметар, без заштита на македонските национални интереси. Уставни измени се невозможни без гарантирање на идентиетот и почитување на правата на Македонците во Бугарија, дециден е премиерот Христијан Мицкоски.

Процесот на евроинтеграции нема да се води, како што тоа цели седум години го правеа СДСМ и ДУИ, односно исклучуиво со распродавање на дражвните интереси. Според Мицкоски она што СДСМ го прави во моментов е само загрзозување на стратегијата на Владата за заштита на Македонците. 

-ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во било каква авантура се додека нема јасен крај прво и второ, се додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед. Нема да се поместиме ниту милиметар, ќе чекаме, ако не ние ќе го пренесеме тоа на тие кои што нас ќе не следат и тие што нив ќе ги следат. Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, изјави Мицкоски.

Реклама

За СДСМ уставните измени се решение,  а власта сакала да ја изолира Македонија.

-Внесување на малцинствата во Уставот не е само внесување на Бугарите, има и други малцинства кои што треба да се внесат во Уставот. И затоа со тоа, со тој чекор, што не претставува никаков ризик за нашиот национален идентитет, за нашата култура, за нашиот јазик, а тоа се уставните измени, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Од политиките на СДСМ среќни можат да бидат само одредени политички струи во Бугарија, кои не признаваат ништо македонско.

-За жал следениците на живковизмот во Бугарија, денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кој што се уште се активни како луѓето од опозициската СДСМ, кој што мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание, но тие се само обичното меко ткиво на македонскиот идентитет, изјави Мицкоски.

Позициите на македонската Владата се уставните измени единствено со одложено дејство, односно внесување на Бугарите во Уставот по затворањето на кластерите, со цел да се избегнат идни блокади, како и меѓународната заедница да ја охрабри Бугарија да ги примени препораките на Европскиот суд за човекови права.

Матеја Петровски