Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Нов закон, строги мерки – се стега обрачот околу загадувачите

Се стегаат мерките за загадувачите. Министерството за животна средина најавува нов закон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се стегаат мерките за загадувачите. Министерството за животна средина најавува нов закон со пакет строги мерки со кој индустријата ќе биде под лупа. Секоја фабрика што потенцијално може да загадува ќе биде следена, евидентирана и строго казнета. Ќе се мери нивото на штетните материи што ги создаваат фабриките и истите јавно ќе бидат достапни на дигитална платформа. Воедно ќе се стегнат и граничните вредности на штетните честички кои го загадуваат воздухот.

„Оваа мерка не е само техничко решение туку е и дел од механизам за поголема одговорност кај поседувачите на А интегрирана дозвола за градење повисока доверба во општеството. Тоа значи и повисоко ниво на транспарентност, преку системско собирање и јавно објавување на податоци на емисиите на индустриските загадувачи, преносот на отпад надвор од локацијата, загадувачите на отпадните води како и потрошувачката на енергија, вода и суровини.“– велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

По бројните граѓански иницијативи и протести, во фокусот на министерството е и цементарницта Усје. Спроведен е вонреден инспекциски надзор што треба да покаже дали фабриката ги почитува еколошките стандарди, а од министерството резултатите ги очекуваат во наредните денови. Најавија и јавна расправа за А интегрираната дозвола на фабриката.

Реклама

„Невладините организации не пишуваат дозвола, системот во нашата држава е да министерството пишува дозвола. Од јавноста прима само забелешки и предложени мерки од нивна страна. Во таа насока ќе организираме јавна расправа, јавноста ќе биде известена и ќе може да се вклучи и јавниот сектор. Имаме законски прописи за давање на дозвола, додека со невладиниот сектор треба да бидеме партнери.“ – велат од Министерството.

Паралелно, државата вложува и во замена на системите за греење а дава и субвенции за домаќинствата. Повеќе од 70 државни објекти и училишта ќе имаат имаат нови еколошки оџаци, а над 4300 домаќинства ќе загадуваат помалку преку ваучерите кои ги доделува министерството за енергетика за набавка на инвертер клими.