Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Направени последните корекции во Законот за високо образование

Намален број на трудови за втор и трет циклус за студентите. Зајакнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намален број на трудови за втор и трет циклус за студентите. Зајакнување на автономијата на приватните универзитети. Ова се само дел од забелешките на стручната фела кои Владата ги разгледа и прифати во дополнувањето на измените за Законите за високо образование и научна истражувачка дејност. И двата закони од вчера беа објавени на ЕНЕР и се достапни за јавноста.

„Намаливме еден член од Владата, иако не беше неопходно, иако не се согласуваме со тоа дека тоа ја нарушува автономијата во Советот на универзитетите. Дополнително, направивме многу други промени во однос на критериумите, на пример, прифативме за општествено-хуманистичките науки така како што бараа наставниците, да биде релевантна базата Scopus, не ја исклучивме Web of science, но тие инсистираа да биде Scopus. Ќе биде Scopus. Дополнително, Националниот совет за високо образование ќе изработи друга база на списанија, што исто така ќе се бодира при изборите“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Денеска е објавен и конкурсот за запишување во средно училиште. Годинава се очекува да се запишат околу 25.000 средношколци, а од нив 17.000 се предвидени да продолжат во средното стручно образование.

Реклама

„Дуалното образование секако ќе биде фокус. Досега имаме потпишано договори со над 800 компании и продолжуваме да го стимулираме средното стручно образование за да ги пополниме празнините на пазарот на труд, односно она што им е потребно на компаниите за да се подобри производството. Конкурсот е денеска објавен, ќе видиме какви ќе бидат резултатите на крајот“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Министерката Јаневска со градоначланичката на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајковска денеска беа на увид на градежните во граедежните работи на новата спортска сала во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода. Новиот објект ќе биде пуштен во функција од септември за почетокот на  новата учебна година.