Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2026/2027

Министерството за образование и нака објави конкурс за прием на ученици во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и нака објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Македонија за учебната 2026/2027 година, во кои на учениците од средното образование ќе им биде обезбедено сместување и исхрана.

Според конкурсот на МОН, во 17 ученички дома (од кои пет се во Скопје) има речиси 2.400 слободни места за сместување средношколци. 

Учениците што ќе се пријават на конкурсот треба да пополнат електронска пријава достапна на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и да ги поднесат потребните документи до Министерството преку ученичкиот дом.

Реклама

Рокот за пријавување на учениците запишани во I, II, III и IV година ќе почне на 25 јуни 2026 и ќе трае до 10 јули 2026. По објавување на списоците со рангирани ученици во домовите, учениците ќе имаат право на приговор во рок од три дена, кој се поднесува во Министерството за образование и наука.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе биде активно од 28 јули 2026 сѐ додека има слободни места за што Министерството за образование и наука, како што информира, континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици во домовите.

Во објавениот конкурс се наведени условите за прием, потребните документи и начинот на пријавување.