Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Побрз, поредовен и предвидлив јавен превоз – скопјани во исчекување на БРТ системот

Со БРТ системот или таканареченото „Метро на тркала“, скопјани очекуваат да добијат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со БРТ системот или таканареченото „Метро на тркала“, скопјани очекуваат да добијат побрз, посигурен и предвидлив јавен превоз. Проектот ќе се реализира преку градот Скопје и истовремено треба да го реши и растовари сообраќајниот метеж и хаос на градските улици и да го намали загадувањето. За скопјани ова е проект со кој се решава децениски проблем, а долгите чекања со часови на автобуските постојки и доцнења кој на училиште, кој на работа, кој на лекар, конечно ќе станат минато.

Целиот проект Владата најави дека ќе биде завршен во февруари 2029 година, а за таа намена се обезбеди заем во висина од 70 милиони евра. Средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а Владата ќе ги трансферира како неповратни за Градот Скопје. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток – Запад која ќе се движи од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и втората Север – Југ која треба да ги поврзе Бутел и Кисела Вода. Потоа набавка на хибридни нископодни БРТ-возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во градот. Градоначалникот Ѓорѓиевски објасни дека трасата нема да поминува низ зеленилото по средината на сообраќајните ленти и дека ќе се заштитат сите важни природни ресурси, вклучително и водоснабдувањето на градот.

Наместо тоа системот ќе се движи по крајните сообраќајни ленти, а дополнително ќе се предвиди и ново зеленило како природна бариера. БРТ системот се очекува да овозможи превоз на над 65.000 патници дневно. Градот Скопје најави дека годинава ќе стигнат и нови еколошки автобуси и со тоа градот ќе добие јавен превоз како во европските метрополи, без застои и загадување и достапен за сите.