Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Почна изградбата на паркинг-простор во Долно Којнаре, Кумановско

Почна изградбата на алтерантивниот паркинг простор во кумановското село Долно Којнаре, соопштија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна изградбата на алтерантивниот паркинг простор во кумановското село Долно Којнаре, соопштија денеска од јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово. Директорот на претпријатието Суад Зејнулаху, денеска информираше дека во тек е тампонирање на паркинг-просторот во близина на пазарот за стари работи, проект кој се спроведува на барање на месното население од селото, кои се жалеа на сообраќаен метеж.

-Ова е една новина која ја ветувавме и се надеваме дека ќе се заврши најдоцна до почетокот на идната недела. Овој простор ќе го користат посетителите на пазарот за стари работи. Ќе има простор за минимум 300 возила. Планирано е да се тампонира простор од околу 1.200 метри квадратни. Подоцна, истиот простор ќе се користи за авто-пазар-изјави директорот на претпријатието, Суад Зејнулаху.

Тој кажа дека ова е еден од активните пристапи кон финансиско заздравување на претпријатието, преку воведување нови пазарни содржини и подобро управување со постојните ресурси. Еден од главните проекти е отворање авто-пазар во село Долно Којнаре.

Реклама

– Направивме истражување на пазарот и утврдивме дека постои голем интерес. Куманово е регионален центар кон кој гравитираат и помалите општини. Важно е што ќе ги искористиме постојаните вработени, што значи дополнителен приход, без зголемување на трошоците-вели Зејнулаху.

На автопазарот ќе може да се продаваат возила, мотоцикли, скутери, автоделови.