Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Инвеститорите задоволни од условите кои ги добиваат од Македонија

Странските инвеститори позитивно ја оцениле бизнис климата во Македонија, но сепак пронаоѓањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Странските инвеститори позитивно ја оцениле бизнис климата во Македонија, но сепак пронаоѓањето на квалитетен работен кадар и понатаму останува горлив проблем. Најновата анкета, покажа дека 35% од компаниите со странски капитал се задоволни од инфраструктурата во Македонија, што е речиси двојно повеќе од лани, но дури 89 проценти од нив се соочиле со проблем да најдат соодветен квалификуван кадар. 17 проценти веќе почнале да вработуваат странски работници, иако 90% од нив ги зголемиле платите просечно за околу 10 проценти. Како главна причина за недостигот на кадар, тие ја посочија миграцијата.

90% од компаниите ги покачија платите во претходната година тоа е околу 10,5 прценти просечно, тоа е доказ дека не треба да имаме политички синдикални одлуки за покачување на плата….. 03:28 Во Пелагонискиот регион во наредните пет години, бројот на луѓе кои се меѓу 60 и 65 години е за нијанса поголем од луѓето кои се меѓу 24 и 29 години, односно бројот на луѓе кои ќе одат во пензија е поголем од бројот на оние кои би барале работа. Во Европа е уште полошо“, изјави Ѓорѓи Тренковски од „Кромберг и Шуберт“.

Имаше и минатата година некои царински олеснувања односно синхрионизација со Европската Унија и тоа многу ни помогна на нас“, изјави Сашо Наков од „Амфенол“.  

Реклама

Во однос на проблемите со транспортните компании и штрајкот кој го направија, од Советот ја пофалија Владата за брзата реакција, за која велат дека спречила негативни последици за бизнисот. Кризата ги погодува сите, но она што во овој момент треба да се направи е да се искористи моментот и да се најдат можности за да се биде поконкурентен на пазарот, смета првиот човек на Советот Виктор Мизо. И покрај случувањата на Блискиот исток странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките .

Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките“, изјави Виктор Мизо претседател на Советот на странски инвеститори.

 Во анкетата учествувале компаниите од произведствениот сектор и услужните дејности, а речиси половината  работат во технолошко-индустриските зони.