Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Во Битола ќе се одржи македонски мјузикл инспириран од Фреди Меркјури

Битолскиот оркестар DIVA денес го најави новиот музичко-сценски проект инспириран од една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолскиот оркестар DIVA денес го најави новиот музичко-сценски проект инспириран од една од најголемите музички икони на сите времиња  Фреди Меркјури (Freddie Mercury). 

Станува збор за прв целосно македонски мјузикл, проект што на едно место ги спојува музиката, сцената и приказната за човекот кој остави неизбришлива трага во светската музика.

Во проектот учествуваат Владимир Димовски – диригент, продуцент и оркестратор на проектот,  Бојан Стојков – во улога на Фреди Меркјури  и режисер, Димитар Захариевски автор на сценариото и во улога на Брајан Меи, Никола Пројчевски во улога на Џон Дикон,  Никола Стефанов во улога на Роџер Тејлор и Теона Крстеска во улога на Мери Остин. 

Реклама

На средба со новинарите во Битола беше посочено дека идејата за ваков мјузикл кај Владимир Димовски постоела одамна, но најголем предизвик било да се пронајде вистинската личност што ќе може да ја понесе улогата на Freddie Mercury. Како што истакна тој, пресвртниот момент се случил на еден концерт, кога за време на изведбата на песната „I Want to Break Free“, која ја пеел Бојан Стојков, увидел дека токму тој може да биде вистинскиот избор за оваа улога. Токму така започнала и соработката што подоцна прераснала во идеја за создавање на мјузиклот.