Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Национален франкофонски настан во Куманово

Национален франкофонски настан се одржа денеска во Занаетчискиот дом во Куманово информираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Национален франкофонски настан се одржа денеска во Занаетчискиот дом во Куманово информираа од општината. Настанот има за цел да ја промовира франкофонијата, културната размена и изучувањето на францускиот јазик меѓу младите.

На франкофонскиот настан учествуваа 120 млади франкофони од 19 училишта од девет градови во Македонија, меѓу кои и ученици од основни и средни училишта во Куманово, истакнувајќи ги своите јазични вештини на француски јазик, преку музички точки, поезија и театарска изведба.

-Во рамките на проектот „Франкофонијата ја истражува Северна Македонија 2026“, Фондацијата „Бел Идеал“ од Париз – Франција одржа национален франкофонски настан во Занаетчискиот дом. На настанот присуствуваа амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер, аташе за изучување и развој на француски јазик Љупка Димова, советник по француски јазик во Бирото за развој на образование на Македонија Кети Димковска, претседател на Здружение на професори по француски јазик на Македонија Марија Варсамис Симоновска, градоначалник на Старо Нагоричане Мирослав Славковски, претседател на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, претставници на општинска администрација и на основни и средни училишта-наведуваат од општината.