Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

На Мавровско Езеро во септември ќе се одржи Светско првенство во лов на крап

Претставници на Македонската риболовна федерација, локалната самоуправа и Националниот парк Маврово го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на Македонската риболовна федерација, локалната самоуправа и Националниот парк Маврово го најавија одржувањето на Светското првенство во лов на крап на Мавровското езеро и потпишаа меморандум за соработка.

Директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими во обраќањето напомена дека ова е официјална најава на спортски настан од највисок ранг што ќе се реализира во септември.

– Овој значаен меѓународен настан претставува големо признание, но и обврска за сите нас – како институции и како домаќини. Во соработка со Општина Маврово и Ростуше и Македонската риболовната федерација, активно работиме на создавање услови за успешна организација на настанот. За таа цел ќе се формира координативно тело кое ќе дава насоки и опредувелува обврски, рече Ибраими.

Реклама

Партнерството на трите институции преку потпишување на Меморандум за соработка, како што напомена Ибраими е заедничка посветеност кон успешна реализација на ова светско првенство.

Според претставниците на партнерите во организацијата на овој настан, од денеска па до почетокот на првенството ќе се работи на интензивни подготовки и навремено исполнување на преземените обврски.

На настанот беше истакнато дека Светското првенство е многу атрактивно и се очекуваат значајни придобивки за регионот и туризмот, како и промоција на нашата држава како светска дестинација за спортски и еколошки настани.

Светското првенство во лов на крап на Мавровско Езеро – Септември 2026 е еден од најголемите спортско-риболовни настани што ќе се одржи во Македонија.

Првенството треба да се одржи од 2 до 5 септември. Според рангот ова е најпрестижното натпреварување во спортски лов на крап со учество на репрезентации/тимови од повеќе држави.

Иако деталите за Маврово ќе се објават официјално, вообичаениот формат на натпреварот е да трае од 72 до 120 часа (нонстоп риболов) со тимови од два до четири натпреварувачи. Победник е тимот со најголема вкупна тежина на уловен крап.