Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Деребан: Правосудниот испит е одложен поради утврдени слабости и потреба од постручен и потранспарентен процес

Пролонгирањето на февруарската сесија за полагање на правосудниот испит е резултат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пролонгирањето на февруарската сесија за полагање на правосудниот испит е резултат на детектирани слабости во системот и потребата да се обезбеди поквалитетен, пообјективен и потранспарентен процес – истакна заменик-министерот за правда Ален Деребан одговарајќи на пратеничко прашање од Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека Комисијата за полагање на правосудниот испит е веќе формирана од министерот за правда, при што биле запазени принципите на транспарентност, стручност и висок квалитет на процесот. Одложувањето, како што рече, било оправдано поради сериозни забелешки за начинот на спроведување на испитот во изминатите години.

– Имаме аргументи и докази дека во минатиот период испитот го полагале лица на високи државни функции и членови на нивните семејства што не ги исполнувале ни законски пропишаните услови – посочи Деребан. Според него, загрижувачки е и фактот што над 90 проценти од кандидатите го полагале испитот во последните пет години, што, како што рече, го доведува во прашање квалитетот на процесот имајќи предвид дека уверението за положен правосуден испит е услов за избор на високи правосудни функции.

Реклама

Дополнително, Деребан посочи дека со години постоел и сериозен проблем со просторните услови поради што кандидатите полагале во разни судови и административни простории бидејќи Министерството за правда нема адекватен простор за одржување на испитите.

– Одложувањето е со цел да се обезбеди постручен и потранспарентен процес. Сесијата не е откажана, сите кандидати што требаше да полагаат во февруари ќе го остварат ова право во април – истакна Деребан.

Заменик-министерот информира дека програмата за полагање била предмет и на ревизија, а во Министерството е формирана и нова комисија, која ќе го спроведува административниот дел од процесот.

Пратеникот Спасовски реагира дека одложувањето не може да се оправда со тоа што Министерството прави анализи како да го подобри процесот бидејќи тие, како што рече, требало да бидат завршени одамна.

– Рековте дека комисијата е формирана и дека нема просторни услови, тоа можам да го прифатам. Но не можам да прифатам како аргумент дека две години анализирате што треба да се смени. Младите правници не може да чекаат уште две години – нагласи Спасовски.

Тој укажа дека одложувањето на февруарската сесија ја загрозува и обврската од законот да се одржат редовните испитни рокови и додаде дека младите правници трпат директни последици.