Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

До крајот на мај ќе профункционира Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за промовирање на владеење на правотo и добро владеење преку спроведување на мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми во Југоисточна Европа. На оваа тема се дискутираше на состанокот на директорот Бобан Николовски и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции при МВР, Ивона Стефановска, заедно со регионалниот координатор при Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, Батир Гелдиев.

На состанокот беше констатирано дека соработката помеѓу Царинската управа и МВР е пример во Западен Балкан и пошироко за ефикасно заедничко делување на царината и полицијата.

„Борбата со организираниот криминал бара ефикасен и брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми во Југоисточна Европа. Организираните мрежи користат сложени логистички структури, и ние мора да возвратиме посилно и со здружени сили кон секој обид за криминал. Воспоставувањето на Гранична меѓуагенциска единица на Aеродромот во Охрид, ќе ја позиционира Македонија како пример за успешно и координирано справување со безбедносните предизвици во регионот“, истакна Николовски.