Жените од руралните средини кај нас најчесто не се свесни дека се дискриминирани. Тие многу ретко одлучуваат да се пожалат за ова. Причините се недовербата на овие жени во системот и немањето поддршка од средината каде што живеат. Поднесени се и тужби од јавен интерес, кои се голем исчекор, а се однесуваат на жените земјоделки.