Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Најстудено на Попова Шапка и 53 сантиметри снег

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -3 степени, а максимални 8 степени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -3 степени, а максимални 8 степени се измерени во Штип и Виница. На Попова Шапка има и 53 сантиметри снег.

Според УХМР, до 8:30 часот се измерени и -1 степен во Берово, 0 во Битола и Kрушево, 1 во Скопје – Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп и Mаврови Анови, 2 во Крива Паланка и Претор, 3 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 4 во Велес и Кавадарци, како и 5 степени во Демир Капија,  

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 20 степени.